Becutan пенливо средство за капење и шампон за деца со екстракт од овес

Следејќи го трендот на примена на состојки чие што потекло е од природата и традицијата на нега на која ú верувате, развиени се две нови формулации во колекцијата Becutan - пенливо средство за капење и шампон, производи со особено благо дејство и состав збогатен со екосертифициран екстракт од овес, добиен од семето на овесот, кој традиционално се препознава како состојка со исклучително дејство да ја смирува кожата.

Шампон за деца со екстракт од овес и Д-пантенол
Благата формулација на новиот Becutan шампон со екстракт од овес и Д-пантенол, претставува вистински одговор на долго поставуваното прашање околку секојдневната употреба на детски козметички препарати. Комбинацијата од внимателно избрани активни компоненти, темелно ја чисти косата и скалпот, додека истовремено ја негува и заштитува кожата на главата. Покрај екстрактот од овес, новиот шампон содржи и Д-пантенол, состојка со изразено хидратизирачко дејство и својството за регулација на влажноста на косата и кожата.
Борбата со сувоста и оштетувањето на скалпот, како честа појава особено кај бебињата, поддржана од трендовите кои Becutan со децении ги применува, сега добива додадена вредност. Покрај тоа, Becutan шампонот со екстракт од овес и Д-пантенол ќе стави крај и на маратонските брканици за расчешлување на косата, давајќи ú дополнителна мекост и природен сјај.

Зошто екстракт од овес?
Екстрактот од овес претставува богат извор на природни компоненти кои се вбројуваат во групи на соединенија карактеристични по тоа што го елиминираат дејството на слободните радикали, како и по своето изразено анти-воспалително дејство, со што придонесуваат за заштита на кожата од појава на иритации.

Пенливо средство за деца со екстракт од овес и Д-пантенол
Новото Becutan пенливо средство за капење со екстракт од овес претставува исклучително блага формулација наменета за секојдневна хигиена и нега на кожата уште од првиот ден од раѓањето.
Поради клучната заштитна улога која кожата ја има над целиот организам, новото Becutаn пенливо средство во својот состав ја вклучува и природната состојка на заштитната обвивка со која новороденчињата доаѓаат на свет, Glyceryl oleat.
Екосертифицираниот екстракт од овес има изразено анти-воспалително дејство, Д-пантенолот, ја регулира влажноста на кожата и влијае на подобрувањето на нејзината заштитна функција, правејќи ја мека и еластична.

*Се препорачуваaт и за секојдневна употреба кај возрасни со чувствителна кожа подложна на иритации.

Не содржат:
• Сапун
• Алкохол
• Бои
• Парабен