Пелени

Бебешките пелени Becutan се извонредно тенки и анатомски обликувани за да овозможат максимална удобност и правилен развој на детето во различните фази на неговиот раст.

СТРАНИЧНО НЕПРОПУСТЛИВИ
Имаат еластични странични прегради коишто не дозволуваат протекување на нечистотиите. Изработени се од природни материјали кои овозможуваат кожата непречено да дише.

ПОДОБРЕНА ЕЛАСТИЧНОСТ
Извонредно се еластични во пределот на појасот и целосно се приспособуваат кон слободните движења на бебето, при што се постигнува максимална удобност во најактивниот период од денот, а истовремено се подобрува и ноќната функција на пелената.

МЕКИ И НЕЖНИ ЗА ДЕТСКАТА КОЖА
Површинскиот слој на пелената содржи поголем процент на природни материјали поради што допирот со чувствителната бебешка кожа е исклучително нежен, а истовремено кожата непречено дише.

ПОДОБРЕНА АПСОРПЦИЈА
Впивливоста, како и брзината на апсорпција се едни од најважните карактеристики на пелената Becutan. Благодарение на супервпивливиот слој со структура на микрогранули, како и на дистрибутивниот слој, којшто овозможува нечистотиите од пелената рамномерно да се распоредат по целата нејзина должина, бебешката кожа ќе остане сува и заштитена и повеќе часови по повивањето.